Какви патики ќе носиме пролетва, според светските модни брендови?

22 март 2021

Она што некогаш почна како спортска обивка, денес е задолжителен дел од гардероберот на сите - мали, големи, жени, мажи. Патиките не го жртвуваа комфорот низ годините, напротив поради него станаа омилени обувки на многу генерации. Со текот на сезоните го менуваат моделот, а ова се моделите кои модните куќи ги претставија за пролет 2021. 

Инспирирани од 80-те, Селин претставија високи патики во бела боја, а за бела, со црни детали се одлучија и од Диор. Едноставни и бели, со сини детали и налик на копачки се и патиките на Прада. За разлика од нив, останатите дизајнерски куќи се одлучија за модели во боја. Така, Луј Витон има патики во пастелна розоваи праска боја, Сент Лорен има високи патики со розово и сино, кај Клои ѓонот е црвен, а кај Живанши зелен. Гучи инспирацијата ја бара во ретро патиките, па нивните имаат и малку винтиџ вибрација, а скроз спротивни се оние на Баленсијата - футурустучки и во неутрални тонови.

Селин Диор Баленсијага Сен Лоран Луј Витон Прада Клое Живанши Гучи

Објавено:
22 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
818 пати