Какви пораки испраќате преку кошулата што ја носите?

18 октомври 2021

Постои гранка на психологијата која се занимава со влијанието на облеката врз животот и обратно.

Исто така, постојат детали при облекувањето кои говорат за личноста, но исто така, начинот на дотерување зборува и за креативната страна на тој што ја носи облеката.

Ние најдовме интересен текст за тоа каква порака испраќате при носењето кошула.

Генерално, кошулата спаѓа во оние парчиња облека идеални за професионални, деловни комбинации. Но, еве уште неколку толкувања:

Свилена кошула

-Ако е закопчана до „грло“ и во комбинација со панталони со висок струк, пораката која ја праќате е сериозност и елеганција. Кога горното копче е откопчано, тогаш сте за доза сензуалност, посебно ако е во комбинација со градник од тантела, џинс и чизми до глужд.

Тексасна кошула

Таа е спротивност на свилената и одличен избор за дружба со пријателите. Шик е, а истовремено доволно впечатлива за да привлечете винимание. Со овој избор праќате порака дека сакате удобност, но и да се истакнете.

Ленена кошула

Идеална за лето, но и за во канцеларија со соодветно сако од истиот материјал. Со неа порачувате дека играте на сигурно и дека држите до себе. Во есен можете да одберете некоја потемна нијанса - на пример чоколадна нијанса на кошула, со фармерки и мокасини, додека за лето пастелните и секако белата се идеални. 

Класична кошула

Бела, сина или на риги - сеедно, тие порачуваат дека сакате сигурност, но и комфор. Се работи за избор со кој нема да згрешите, бидејќи вниманието се насочува на други аспекти на појавата. Секако, постојат личности кои сакаат и драстични комбинации, на пример впечатливи дезени, бои + накит, што само говори за нивната потреба да бидат забележани, за самодовербата и тоа дека вниманието им годи.

 

Во продолжение уште неколку примери:

 

 

Објавено:
18 октомври 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.256 пати