Камелеонските трансформации на Оливија Палермо за време на модните недели

26 септември 2017

Колку што модните недели се атрактивни во однос на новите сезонски колекции на дизајнерите, толку се возбудливи и надвор од модните, на оние уличните писти.

Тука вниманието е на модните блогерки. Една од најпознатите која веќе е звучно име дури и за оние кои не толку често следат мода, е Оливија Палермо.

На актуелните модни недели низ четирите модни метрополи, Палермо неизбежно е во фокусот на фото објективите. А секако има и зошто. Едноставно таа има камелеонски вештини и знае како да го привлече вниманието на јавноста, со секогаш инвентивните и допадливи аутфити.

Инспиративни комбинации за сезоната што следува...

Фото извор: Getty images

 

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.000 пати