Капут со дезен „рибина коска“ – го носеа нашите мајки, а подеднакво е атрактивен и денес

23 септември 2020

Во циркулацијата на модните трендови, секоја сезона сведочиме на модернизирана верзија на некоја ретро класика чиј зародиш бил пред повеќе декади.

Затоа, особено класичните парчиња никогаш не губат од својата вредност и секогаш добиваат нови можности во современата мода и поради овој момент, ако во вашиот плакар постои некое такво парче оставено од вашите баби или мајки, не го игнорирајте, туку дајте му шанса и адаптирајте го во вашиот стил, ако е потребно со одредени корекции.

Едно такво парче кое важи за традиција во елегантната, класична мода во есенско-зимската сезона, е грациозниот капут со т.н „рибина коска" дезен.

Безвременски е мал термин да се опише неговата вредност, но доволно говори тоа дека низ годините не губи од својата атрактивност.

Така доаѓаме до сезоната есен-зима 2020/21 кога овој модел е повторно актуелен и ќе се носи во осовремени, модни изданија со џинс, костуми, фустани, кошули и здолништа...

Чувате ли вакво богатство во вашиот плакар?

Објавено:
23 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.785 пати