Капути и бунди за безброј стилски варијации

2 јануари 2015

Празничните забави и дружбите со пријателите, семејството и колегите нека продолжат и во новата година. Не дозволувајте студените зимски температури да влијаат врз вашето расположение и стилски варијации и пробајте вашиот стилски термометар да го насочите да пулсира комплетно во ритамот на предимензионираните капути и меките бунди во кои истовремено ќе се чувствувате удобно, топло и ќе ја нагласите вашата дамска префинетост. Оваа сезона, покрај тоа што капутот и бундите беа модна одлука на дизајнерите, како тренди диктат парчиња ги поставија и светските блогери како и урбаните градски ликови.

Оваа студена зима дефинитивно помина во знакот на фустаните во А – крој, чизмите до и над колена и бројни модни додатоци инспирирани од 1960 – тите години. Ако сакате да бидете зимска кралица, каде и да се појавите, наш совет е да инвестирате во капут или бунда особено во ментол или пастелно сина боја. Дами не чекајте и дозволете си едно вакво празнично разгалување. Во зависност од вашите финансиски можности ова „must have“ парче може да го пронајдете и купите онлајн или пак во продавниците и нема да ве чини премногу бидејќи попустите и намалувањата се во полн ек. Ние сме сигурни дека вашето модно кралство ќе можете да го збогатите со вистинскиот крој на капут или бунда чија практичност преминува од една во друга стилска комбинација.

Објавено:
2 јануари 2015
Категорија: 
Тренд