Карго пантолони: Од работничка облека до моден тренд

5 август 2022

TikTok несомнено допринесе да се популаризира силуетата позната како „мал тесен топ - големи пантолони", но опсесијата со широките карго пантолони со големи џебови се покажува како тренд кој неколкупати до сега си оди и се враќа.

Иако инспирацијата зад изгледот на карго пантолоните потекнува директно од работничката облека која првенствено има практична намена, во моментот кога го преминува прагот помеѓу работната атмосфера и модата, намената на ова парче облека прераснува во естетска.

Во раните 2000-ти години, овие карго пантолоните беа облека без која младите не можеа да си го замислат својот гардеробер, а денес, нивната популарност се враќа, особено гледајќи како ѕвездите Дуа Липа, Палома Елсесер и Хејли Бибер ги направија дел од нивниот секојдневен имиџ.

Денес, карго пантолоните ќе ги најдете во секакви модели, дизајни, дезени и бои, а ние ви претставуваме неколку одлични удобни примери кои ќе ве инспирираат веднаш да си го купите вашиот совршен пар.

Фото: fashionmagazine.com

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
217 пати