Карираните панталони резервирајте ги за пролет и микс со други принтови

5 април 2021

Карираните панталони се класично парче облека кое никогаш не излегува од мода. Знае да заспие неколку сезони, но последниве години е актуелно и зиме и лете.

Моделот на карирани панталони кои ќе се носат сезонава е со права ногавица и едноставен крој кој може да се носи и со високи потпетици и со патики или сандали. 

Класичната комбинација на црно-бел принт останува актуелна кога се во прашање боите, а во продолжение, неколку начини како да ги комбинирате - заедно со други принтови.

Објавено:
5 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
571 пати