Кејт Мос го најави трендот за 2023 година: Карираната кошула се враќа на модната сцена

15 ноември 2022

Иако Метју Блези е на чело на Bottega Veneta помалку од една година, тој успеа да ја освои модната публика со своите впечатливи силуети и неочекуваната игра со ткаенините. На модната ревија пролет/лето 2023 година, тој ја покажа љубовта кон кожата на навистина уникатен начин - со сина кожна карирана кошула која на пистата ја носеше единствената Кејт Мос.

Фото: elle.hr

Оттогаш модниот свет се согласи - карираната кошула, без разлика дали е кожна или не, ќе биде голем тренд следната година.

Естетиката на гранџот е сè уште актуелна, а бидејќи визијата на Bottega за карираната кошула сè уште не е достапна за широката потрошувачка публика, ние ќе ви предложиме неколку одлични комбинации со класична памучна карирана кошула.

Фото: Pinterest

Како за почеток, можете да го рекреирате изгледот на Кејт Мос, следејќи ги основните насоки и додавајќи елегантни додатоци, како што се фармерки, впечатлив накит и чизми со високи потпетици. На овој начин ќе постигнете ефективен и елегантен изглед.

А за повеќе инспирација, разлистајте ја нашата галерија.

Фото: Pinterest

Објавено:
15 ноември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.025 пати