Класика на 10 начини со црн блејзер

18 јануари 2023

Есенцијата на вечната класика ја сочинуваат неколку клучни парчиња, а меѓу нив неизбежниот црн блејзер.

Во секоја сезона и во стилот на секоја возрасна група, црниот блејзер го има своето сигурно место поради неговата флексибилност и елеганција, магично прилагодувајќи се во сечија модна приказна.

И ако мислевте дека ги искористивте сите идеи како да го комбинирате црниот блејзер, ние ќе ви понудиме уште 10 плус за да ви илустрираме дека секогаш постојат нови начини на негова адаптација.

Во колажот од идеи подолу, ќе наидете од секојдневни комбинации со џинс преку елегантни со класични панталони со висок струк до дамски со слип фустани и бисерен накит.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
18 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
735 пати