Книгите како неизбежен декоративен елемент во уредувањето и се’ што треба да знаете за нив

22 јануари 2021

Инстаграм и Пинтерест ни дозволија да си ги насладуваме очите со стилски дизајнерски решенија од домовите на познатите личности, дизајнери, архитекти. Меѓу деталите во уредување на домот спаѓаат и таканааречените coffee tables или масички за кафе или клуб масички. Најчесто се сместени во дневната соба на средината помеѓу парчињата гарнитура, од страната на некој тросед или меѓу две фотељи. Клуб масичките може да се најдат и во ходникот и спалната, а она што е најкарактеристично за нив и најмногу може да се забележи особено на Инстарам се книгите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Amy Dearnley (@amydearnley)

Станува збор за таканаречени coffee table books - книги наменети токму за вакви клуб масички. Вистина е, декоративните книги не се откритие на Инстаграм ерата, бидејќи книгите како украс се користеле уште од 16 век. Целта на овие coffee table books е да го украсат просторот, да ве релаксираат додека пиете чај или кафе и уживате во слободното време. 

Кои книги би можеле да се наречат coffee table books? Овие книги имаат поголем формат од стандардниот, тврд повез и доста фоторафии. Некои од нив чинат и неколку илјадници долари и се познати по својот визуелен идентитет, но има и онакви кои не се толку скапи, а изгледаат убаво во просторот. 

Eat, Drink, Nap

Една од нив е и Eat, Drink, Nap на Soho House британскиот клуб, чии услуги се достапни само за неговите членови. Soho House е формиран во 1995 година како клуб кој на своите членови им нуди се’ - ресторани, хотели, спа, забави, релаксација и бизнис поврзување. Клубов е познат по своето members only правило, но и по високата естетика која ја негуваат години наназад. Ширум светот имаат повеќе од 28 куќи и листа на чекање долга преку 30 илјади членови, додека процесот на зачленување е екстензивен и долг. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by This is Fliss (@flissnoakes)

Токму Eat, Drink, Nap е книга за сите оние кои немаат прилика да ги видат уживањата кои ги нуди клубот во живо. Станува збор за спој на визуелни уметности, рецепти за врвни деликатеси и пијалоци, декоративно уредување, совети за организирање добра забава и слично. 

Кориците на книгата како и самиот наслов се минималистички и привлечни, па со тоа книгата стана и огромен хит на Инстаграм. Чини нешто помалку од 50 евра и совршено се вклопува во секој ентериер.

Совршен подарок

Веројатно ќе се согласите дека ваквите книги се најдобриот подарок, бидејќи ваквите книги ретко кога човек се одлучува да ги купи сам. Токму поради тоа, ова се некои од најубавите наслови на кои можете да се одлучите, следниот пат кога ќе треба некому нешто да подарите. 

Bill Cunningham: On the Street

Ralph Lauren: In His Own Fashion

The Big Book of Chic

Chanel: Collections and Creations

The Art of Movement

 

Објавено:
22 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
532 пати