Кога немате време, а сакате да сте дотерани: Флорални фустани

19 мај 2022

Времето е скапо. Затоа, секогаш кога може да се заштеди на време, добро е да се искористи опцијата.

Во модна смисла, ако во одредена прилика немате време да осмислувате комбинации, ова лето одберете флорален фустан. Така ќе се дотерате во еден потег.

Одберете дезен што ќе биде складен на вашиот имиџ и имајте ги при рака омилените чевли.

Дополнително, флоралните фустани може да ги комбинирате со лесен блејзер, џинс јакна или елек, сламен шешир или ремен околу струк, патики, сандали или високи потпетици – во зависност од тоа за каква прилика се подготвувате.

Ќе ве инспирираме со неколку идеи од уличната мода, а вие одберете го вашиот омилен флорален дезен.

Објавено:
19 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.870 пати