Кои беа најсексапилните фустани на Миланската модна недела?

3 март 2014

Кога станува збор за италијанската мода, во едно можеме да бидеме сто проценти сигурни, дека таа може да изгледа неверојатно секси. Модните шоуа кои беа презентирани за време на Миланската модна недела го потврдија фактот дека италијанските жени се неверојатно убави и секси. Во контекст на тоа директно од пистите ви ги носиме најсексапилните силуети на фустани:

Блумарин Блумарин

Двата модела на модната куќа Блумарин се во стилот на коктел фустани, тие се кратки проткаени со златни детали, изработени од мазни и лесни материјали кои имаат метален одблесок. Одличен избор за свечена пригода која бара доза на сексапил, но не во големи количини, сепак оставете ги љубопитните погледи уште малку да се прашуваат што се крие под фустанчето.

Фаусто Пуљизи Фаусто Пуљизи

Фустанот на Фаусто Пуљизи е колор блок варијанта. Графичките линии никогаш не се здодевни, тие можат да бидат неверојатно креативни особено поради фактот што станува збор за дводелен модел на здолниште и маичка кои што можете да ги комбинирате и со други парчиња.

Франческо Соњамиљо Франческо Соњамиљо

Долгата црна транспарентна тоалета со потписот на Франческо Скоњамиљо, дефинитивно го покачи женскиот адреналин во салата. Изгледајте и вие како грчка божица и одберете ваков фустан кој можете да го носите на некоја специјална пригода, како театарска претстава, музичка манифестација или приватна забава.

Емилио Пучи Емилио Пучи

Емилио Пучи не само што сака да изгледате секси во неговите модели на фустани, туку сака да се чувствувате и гламурозно со неверојатна доза на удобност. Краткиот модел е идеален избор за коктел забава, а долгиот одлично ќе прилега за некоја свадбена свеченост. Ставете го златниот „рицарски“ оклоп на себе и пуштете се во освојувачки поход.

Роберто Кавали Роберто Кавали

Ако вашата цел е да изгледате моќно и секси, тогаш Кавали го има вистинскиот фустан за вас. Долг, црн, изработен од тантела извезена со светкав конец и малку крзно на вратот, кое што ќе ја нагласи вашата бунтовна природа. Со ваква модна визија ќе изгледате недопирливо и секси, а се што е забрането на мажите им е послатко.

Версаче Версаче

Модната куќа Версаче е позната по оригиналните комбинации на материјали и дезени и по фустаните кои што ја одбележуваат секоја сезона со својата уникатност. Црниот краток фустан е модерна верзија на „малиот црн фустан“. Дополнително засилување му се златните везови, кожените реси и нитните, кои ќе направат да бидете синоним за рок секси кралица. Двата црвени фустани се мошне женствени, едниот е лелеав изработен од свила и мошне едноставен, чија убавина е доловена преку маркантниот накит, а другиот е изработен од тантела, извезен со светкав конец и мошне богато накитен. Кој ви се допаѓа повеќе?

 

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Тренд