Кои модели плетени фустани ќе бидат хит претстојната сезона?

9 септември 2020

Есен и зима не поминуваат без плетени фустани, ако ја анализираме оваа сезона од моден аспект.
Затоа што се практични, топли, лесно прилагодливи на сечиј стил, а истовремено женствени. Затоа плетените фустани се задолжителни во сезоната пред нас.

А секоја сезона наметнува карактеристични тенденции, па оваа ќе биде во знакот на плетените фустани со асиметрични кроеви, преклопи, врзување во предниот дел и елегантните, чисти линии.

Обоени во црни, сиви, беж, тегет и темно црвени тонови, изборот на ваквите модели на плетенини ќе биде широк, а со тоа ќе се задоволи и сечиј вкус. Ако веќе дома имате плетен фустан, размислете за комбинација со џинс или кожена јакна, со чизми до глужд или такви до колена, со мини чанта преку рамо и зимски шешир...

Направивме избор на неколку актуелни модели.

 

Објавено:
9 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.620 пати