Кој вели дека црно не е за лето? Овие примери го покажуваат спротивното!

11 јуни 2021

Има луѓе што без оглед на годишното време не можат да се одделат од црната боја. Таа е доминантна во нивниот плакар и секогаш прв избор во секоја пригода.

Многумина ќе речат дека црната и не е баш идеална за лето, бидејќи побрзо и полесно ги привлекува сончевите зраци, па ќе ви биде уште потопло. 

Но, од моден аспект црната е подеднакво совршена како и белата.

Одберете широк крој на фустан, панталони, комбинезон и ќе немате проблем. 

Црните парчиња можете да ги комбинирате со што ќе посакате - со сламени шапки и чанти, со впечатлив ѓердан, со сандали или епадрили, со модни додатоци во интензивни бои...

Црната одлично изгледа и на џинс, па широк фустан на пример во комбинација со тексасна кошула исто така во широк крој која ќе биде ваша наметка за летните вечери ќе биде совшрен спој.

Како вие практикувате да ја носите?

Ако ви недостасува идеја, еве неколку во продолжение:

 

 

Некои од парчињата, како и предлози плус можете да најдете и на линкот тука.

Објавено:
11 јуни 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.013 пати