Која е бојата на претстојната есен?

17 август 2015

Покрај бојата која компанијата „Пантон" ја прогласи за боја на годината –марсала, претстојната сезона ќе доминираат загаситите бои меѓу кои и темно сивата, темните нијанси на кафеава и портокалова, но на чело на есенската палета сепак ќе биде зелената боја.

Голем дел од свеските дизајнери ја имплементираа во нивните зимски колекции, меѓу кои и дел од највпечатливите парчиња беа оние на маестралните Долче и Габана.

Зелената боја го привлекува вниманието на дизајнерската фела со сите нејзини нијанси: од смарагдно зелена до петролеј. Особено е актуелна и поради тоа што се поистоветува и со еколошката средина и честопати се косристи со цел да се упати апел за подигање на свеста за средината во која живееме.

Ако резимираме според последните дизајнерски колекции, најголем дел од познатите модни куќи ја препорачуваат зелената боја во комбинација со парчиња инспирирани од 70-тите, мини здолништа, макси фустани со дворедно закопчување, пончоа или топли капути.

Доколку пак не сте голем љубител на оваа боја, тогаш може да ја имплементирате минимално, преку аксесари како капчиња, чанти, марами или чевли.

Инспирирајте се од фотографиите во продолжение.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.806 пати