Комбинации со здолништа од еко-кожа – моден предизвик за претстојната есен

29 август 2019

Парчињата изработени од еко-кожа ќе бидат во центарот на вниманието оваа есен.

Ќе бидат до толку доминантни, што често во уличната мода ќе гледаме комплетно еко-кожа комбинации.

Зошто да не се приклучите на оваа тенденција, со оглед на тоа дека делува отмено, елегантно, а истовремено шик и урбано?

Да започнеме со имплементирање на коженото здолниште во нашиот есенски изглед.

Го комбинираме во деловниот стил: здолниште од еко-кожа со висок струк споено со елегантна кошула, со блејзер или плетена ролка.

Го стилизираме и во спортска варијанта: со маичка со натпис и патики.

Го спојуваме и во нашиот вечерен изглед: со високи потпетици, маичка на прерамки или кошула со отворен грб...

Звучи интересно?

Фото: Пинтерест

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.729 пати