Комбинација што освојува - елегантно здолниште и широк џемпер
•
29 март 2023
Пред само неколку дена Кира Најтли покажа како со широк џемпер и елегантно здолниште може да се изгледа максимално опуштено, но и тренди во исто време.
Она што е интересно и добро кај оваа комбинација е што делува релаксирано, лесно е да се изведе, а крајниот резултат е изненадувачки добар.
Покажува дека умеете без многу труд да се стилизирате совршено допадливо, комфорно и софистицирано. Спој што е не е лесно да се постигне.
Рецептот за стајлингот на сезоната е: едно елегантно миди (или макси) здолниште, вашиот омилен широк џемпер и детали коишто се вклопуваат со останатите одбрани парчиња.
Неколку добри идеи во продолжение.
Фото:Pinterest