Комбинезон – неодоливо преодно парче

27 ноември 2014

Се чини дека комбинезоните и оваа сезона ќе бидат на врвот на модната А – листа. Инспирирани од работната облека на мајсторите, комбинезоните од сезона во сезона доживеаја навистина гламурозни трансформации. Како водечко модно парче, ваквите целосни панталони беа омилени во летниот период, а можевме да ги видиме и во зимските колекции на дел од најпознатите модни куќи: Валентино, Стела Мекартни, Селин, Версаче и многу други. Изработени најчесто во еднобојни сини, црни, бели или црвени нијанси,  а дел од нив се декорирани и со минимални и впечатливи детали.

Дамите ги обожаваат поради едноставниот крој, совршениот спој на безвременска класика и актуелните трендови, удобноста и леснотијата при движењето. Одлично е тоа што комбинезоните изгледаат многу елегантно и женствено па,  слободно можете да ги искористите во изборот на соодветна креација за најлудата ноќ во годината. Ние ви подготвивме неколку примери, но сепак, последниот збор останува на вас.

Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Тренд