Комбинезоните повторно се качија на пиедестал

14 март 2014

Прв пат сте носеле комбинезон кога сте биле бебе, потоа сигурно вашата мајка ви купила уште некој пар за во основно, а и како средношколка веројатно не сте останале без ваквите панталони. Кога одреден модел е во тренд очекувано е да го носи поголема маса на луѓе, но по извесен период тој бледнее. Случајот со комбинезоните не е таков, зашто тие никогаш не излегле од мода, туку само го менуваат обликот и материјалите од кои се изработуваат. За претстојната пролет, тие ќе бидат задолжителното парче од многу женски плакари, а ако се уште немате еден пар од нив, топло ви препорачуваме да си набавите. Освен традиционалните од џинс, сега комбенизоните можете да ги сретнете во животински и принт во пруги како  и кожени.

ASOS ASOS

 

Освен поинаквата текстура, новите модели на комбенизони ги има и во различен крој, од такви во цигара вараијанта до бојфрендс модел односно со широки ногавици. Според нас се одлично безвременско парче кое секогаш е добредојдено за интересен стајлинг.

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Тренд