Комбинирајте ги овие фустани во вашиот деловен изглед

3 мај 2017

Пролетната и летната сезона поставуваат нови правила кога е во прашање деловниот изглед. Овој период од годината е идеален за фустани што истовремено ќе ви овозможат шик изглед и посакуваниот комфор на работното место.

Сега веќе се ослободуваме од слоевитото комбинирање на облеката и акцентот го ставаме на лесни и комфорни парчиња, а фустаните се приоритет.

Секогаш внимавајте на должината на фустанот и на деколтето, што секако треба да ви обезбедат пристоен изглед.

Наши фаворити се романтичните фустани со тенко ременче што го нагласува струкот, сафари фустаните во земјени тонови како и ултра популарните кошула-фустани што може да ги комбинирате и со џинс или панталони.

Направивме симпатичен избор на неколку различни модели, актуелни во уличната мода.

 

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.688 пати