Комплетно бели комбинации за мажи - да или не?

29 април 2014

колаж бело

Еднобојните комбинации одамна се популарни кај жените, но кога се работи за мажите, класиката секогаш го имала приматот. Но, работите почнаа да се менуваат, па белата боја стана сосема еднаква со црната, па така комплетно белите комбинации не се нешто невообичаено и ретко.

Иако, честопати маж во бело од глава до петици може да изгледа непривлечно, сепак многу зависи за какви парчиња се работи, нивниот квалитет, комбинација, но и пригодата за која го планирате изгледот.

За разлика од останатитие, овој тренд е прочистен, едноставен и јасен, а истовремено и мошне елегантен, впечатлив и стилски. Белата боја беше многу бргу прифатена од многумина, па ја нарекуваат и новата црна за мажи. За популарноста на ваквиот изглед заслужни се троица дизајнери и тоа  модното дуо Долче и Габана, Армани и Џил Сандер, кои посветија цели колекции на прочистени линии и белата боја.

Всушност, оваа боја аплицирана врз машкиот стил е и своевидна револуција во светот на модата. Дел од модните стручњаци и дизајнери предлагаат комбинирање на бела со бела ( што може да биде мошне ризично) и тоа од глава до петици. Но, и само третина од комбинацијата да е во бела боја може да направи голема промена во вашиот дневен изглед на пример. Можете да започнете со модни додатоци како патики, чевли, чанта или капа. Иако белата облека е мошне неблагодарна што се однесува до одржувањето, вистинскиот ефект нема да изостане доколку се одлучите на бела авантура.

Во продолжение погледнете неколку предлози за тоа како белата оваа сезона може да стане вашата нова омилена боја:

 

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Тренд