Копирајте го изгледот: Ирина Шајк како Шер Хоровиц од „Clueless“

29 април 2021

Ирина Шајк е дамата на уличната мода. Нејзините секојдневни комбинации се дневна тема на таблоидите, а иако понекогаш знае да претера, вообичаено моделот е во чекор со трендовите.

Овој пат, Ирина прошета низ Њујорк во креација на Вивиен Вествуд од здолниште и блејзер. Карираниот комплет се состои од мини здолниште со карнери и блејзер и е инспириран од ликот на Шер Хоровиц кој Алиша Силверстон го играше во култниот филм „Clueless“ од 90-те. 

За разлика од оригиналниот кој е во жолта нијанса, оној кој Шајк го носи има виолетова боја, а ние ви предлагаме да го изберете овој комплет во црвена боја и да го комбинирате со бел топ или кошула и патики. 

Комплет 3.900 денари

Во продолжение, погледнете како Шер станува инспирација за многу обожавателки на уличната мода...

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
893 пати