Костим за капење + макси здолниште = совршена летна комбинација

4 август 2020

Има модни комбинации кои никогаш нема да ни здосадат. Костим за капење и здолниште е една од нив. Практично е, лесно и одлично за време на летниот одмор.

Годинава предност имаат макси здолништата, кои најчесто се на ластик и од транспарентен материјал. Во тренд се и мрежести здолништа, како и оние на преклоп. Доколку немате нешто слично во куферот, искористете некоја широка марама и врзете ја од страна, ќе добиете тендовска комбинација за 20 секунди.

Низ бутиците можете да најдете и здолништа и костими за капење од ист принт, а ако сте љубител на винтиџ естетика и бохо стил, тогаш и кончените модели ќе ви изгледаат привлечно.

Ако не сте љубител на макси здолништа, тогаш одберете некое со миди должина на копчиња на пример, или пак мини. Последниве доаѓаат најчесто со карнери, слични модели на некогаш ултра популарниот „ламбада“ или пак тексасни, кои секако ви се идеални за безброј комбинации.

 

Во продолжение погледнете ја галеријата, во која сигурни сме ќе најдете модели за инспирација:

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
692 пати