Костим за капење наместо боди?

12 август 2015

Дали сте размислиле едноделниот костим за капење да го комбинирате наместо боди во вашиот секојдневен стил? Или да го носите како топ за вашите вечерни стајлинзи?

Голем дел од познатите трендсетерки го „присвоија" овој тренд, па често може да ги видиме во комбинации кои вклучуваат едноделен костим за капење, без разлика на тоа што не е наменет за на плажа.

Предноста на едноделните костими за капење е тоа што изборот на бои, дезени и кроеви е неограничен, па лесно може да го споите со останатите парчиња облека независно од каков материјал се изработени или во кои бои.

Не е препорачливо да се носат во деловни комбинации на вашето работно место, поради тоа што најчесто се со отворен грб и деколте, но затоа пак се одличен избор за секојдневни, опуштени комбинации или такви за вечерни пригоди.

Со кои парчиња облека најсоодветно се комбинираат?

Одлично изгледаат во пар со фармерки или мини и макси здолништа. Но, особено оставаат добар впечаток кога се во комбинација со класичен костум, панталони и сако во совршен крој или со килоти со висок струк и масивен накит.

Би ги носеле во ваква варијанта?

Објавено:
12 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.911 пати