Костимот за капење пренаменете го во ултра модерен топ

8 јуни 2022

Иако вообичаен амбиент за костими за капење е на плажа или покрај базен, толку е богат изборот на модели што лесно може да пронајдете таков што ќе го носите во склад со вашите секојдневни комбинации.

Така костимот за капење лесно може да го пренамените во ултра модерен топ.

Може да го носите под кошула или наметка или едноставно во комбинација со бермуди, здолништа или панталони со висок струк.

Ако до сега не сте пробале, ќе се изненадите колку овој моден трик може да биде ефективен. Особено кога зборуваме за улична мода или за вечерни излегувања.

Наместо топ, облечете костим за капење на едно рамо или со карнери, или облечете бикини под фустан со впечатливо деколте.

Ова лето тенденциите наметнуваат токму такви модели кои кои лесно може да ги адаптирате и да му дадете нова димензија на вашиот летен стил.

Фото: Пинтерест

Објавено:
8 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
476 пати