Костимот за капење што ќе владее ова лето!

28 март 2016

Ако сте од оние кои едвај чекаат да дојде прекрасното, долго, топло лето како нас, тогаш веќе мора да се подготвувате за безгрижните денови на плажа.

Фантастичниот бренд Kiini е токму оној со кој мора да се запознаете пред да ја почнете потрагата по костими за капење.

Нивните бохо модели се оние со кои Инстаграм е преплавен во последно време од бројните познати девојки кои веќе уживаат на долгите песочни плажи.

Моделите не се целосно изработени од конец, иако изгледа така, па истите се сушат за супер брзо време.

Овој бохо модел доаѓа во повеќе различни модели, а истиот е супер за комбинирање со лежерни еднобојни фустанчиња во кои сакаме да го поминуваме времето на одмор.

Негови љубителки, меѓу познатите се прекрасната Бар Рефаели, блогерката Леандра Медин, Џулиа Рестон Ројтфилд, Дру Хемингвеј, Кара Делевињ и многу други.

Она што е посебно кај овој костим за капење е тоа што секој модел се прави рачно, односно ги изработува дизајнерката на брендот Ипек Иргит која ќе каже дека токму тоа ги прави уникатни.

Нејзиниот бренд е нешто со што мора да се запознаете, а овој костим нека биде ваша инспирација за шопинг за ова лето!

Објавено:
28 март 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.806 пати