Кожените комбинезони омилени и во 2020

13 јануари 2020

Тенденција која продолжува со својата актуелност и во 2020 година, а важеше и за една од најпопуларните изминатата година, се кожените комбинезони.

Парчињата изработени од еко-кожа општо гледано, се меѓу носечките тенденции и во новата година, но особен акцент е ставен на ова шик парче, кое подразбира комплетен изглед.

Фото: Пинтерест

Ги обожуваат и модните блогерки, па актуелни се во уличнот стил, но и светските ѕвезди кои често ги бираат и во неформални, но и во посебни прилики.

Покрај земјените тонови кои се доминантно застапени, овие парчиња доаѓаат во варијанти на интензивни бои како црвена, жолта или сина, а исто така застапени се различни модели по кратки или долги ракави.
За нивната популарност говори и фактот што и светските дизајнерски модни куќи ги имплементираа во своите колекции за претстојната пролет.

Моделите што нам ни го привлекоа вниманието, ги издвојуваме во продолжение.

Објавено:
13 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
778 пати