Кралицата Максима во неверојатен фустан ги засени сите на Ројал Аскот

20 јуни 2019

Кралот Вилем Александар и кралицата Максима од Холандија беа почесни гости на кралицата Елизабета на годинешните, традиционални трки со коњи Ројал Аскот.

На трките се појавија најголемиот дел од членовите на британското кралско семејство, освен Хари и Меган, кои уживаат во подготовките за крштевката на нивното новороденче Арчи.

Покрај војвотката Кејт која се појави во прекрасен син фустан на Ели Сааб, најголемо внимание предизвика токму кралицата Максима која на трките дојде во неодолив фустан со потпис на белгискиската модна куќа Natan Couture позната по женствените креации.

За пригодата таа одбра целосно беж комбинација, составена од романтичен фустан до под колената со долги ракави, комбиниран со високи кафени потпетици, мини чантичка, дијамантски накит и впечатлива шапка специјално дизајнирана од холандската дизајнерка Бери Рутјес.

Еден ден претходно, таа блесна во беспрекорен стајлинг на кралски настан во палатата Виндсор, каде се појави во палто фустан до под колената во нежна боја, дополнително украсен со ремен на половината.

Кралицата Максима е позната по исклучителните стајлинзи и по тоа дека често прави модни грешки, а истото го докажа уште еднаш со оваа спектакуларна комбинација.

Инфо и фото: Tportal.hr, Profimedia

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.553 пати