Кралската сина е непрогрешлив избор во секоја пригода

20 октомври 2022

Трендовите оваа сезона се поразновидни од кога и да било, почнувајќи од модните парчиња, нивните модели и дизајни, па сè до боите и нијансите во кои тие доминираат.

Уште од самиот почеток на есента стана јасно дека помеѓу вечата присутност на топлите тонови, оваа сезона ќе бидат популарни и живите бои, како розовата, жолтата, зелената и сината.

А кога сме кај сината, кралската нијанса на сина боја е онаа што ќе биде најмоќна оваа сезона. Оваа експресивна нијанса е вистинска класика која никогаш не излегува од мода, а парчињата во оваа боја се совршен додаток на секоја гардероба.

Фото: Pinterest

Со оглед на тоа дека длабоките нијанси на сино се елегантни и благородни, тие често ги носат членовите на кралските семејства. Оттаму и доаѓа нејзиното име, а наедно, облеката во кралско сина е совршен избор за некои поспецијални и посвечени пригоди.

Фото: Pinterest

Сепак, парчињата во оваа впечатлива нијанса можат да се носат и во секојдневните комбинации бидејќи ќе го зачинат секој изглед и ќе внесат шмек на разиграност во сивите есенски денови.

Оваа привлечна нијанса одлично оди со неутрални бои како црна или беж, а оваа есен ќе ја видиме присутна кај блејзери, јакни, елегантни фустани и плетивa.

Фото: Pinterest

Во прилог ви претставуваме одлични примери како да ја носите кралската сина оваа есен.

Фото: Pinterest

Објавено:
20 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.498 пати