Кратки панталони и во зима: 30 начини како ги комбинираме во топли аутфити

24 октомври 2020

Иако ни следуваат студени денови, во модна смисла сме флексибилни и со добро смислени комбинации во нашиот стил може да вметнеме кратки панталони.

И сето тоа да биде и функционално и шик.

Во таквиот избор на комбинации, многу е значајно кратките панталони да бидат изработени од материјали соодветни на сезоната, како што е твид, еко-кожа, подебел штоф итн.

Најчесто во спој со дебели хулахопки и чизми до глужд или до колена, ваквите аутфити овозможуваат широк избор за стилизирање, соодветен на вашиот имиџ.

Како предлози од уличната мода, може да посочиме на впечатливи комбинации кои покрај кратките панталони вклучуваат топли ролки, блејзери, макси или миди капути, кошули во слоевит спој со плетени елеци, со кожени јакни или пак дебели шалови-ќебиња... Можностите се навистина бројни и симпатични.

Издвоивме 30 идеи што ќе ви помогнат оваа есен-зима сезона да не се ограничувате од желбата да облечете кратки панталони.

Фото: Пинтерест

Објавено:
24 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.208 пати