Високите температури полека се враќаат, па сега е вистинско време да ги одберете парчињата во кои ќе се чувствувате лесно во текот на летните денови.

Лето без куси панталони е едноставно незамисливо, бидејќи можете да ги носите во повеќе пригоди, како за секојдневни прошетки, така и за некои свечени моменти доколку одберете свилени или пак од некој друг супер материјал.

Уживајте во нивната удобност комбинирани со рамни сандали или пак истакнете ги нозете со високи потпетици за оние посвечените пригоди.

Ова лето вистински хит се кратките панталони со пруги поставени вертикално бидејќи со истите нозете ќе ви изгледаат подолги и повитки.

За жените кои сакаат да ја истакнат половината, најдобар избор се ваквите панталони со висок струк кои имаат ремен, додека за другите изборот се оние со понизок струк.

Таквите модели се малку пошироки од половината надолу со што нозете и самото тело добиваат една женствена, елегантна нота.

Според сите овие предности, заклучивме дека кусите панталони на пруги се едни од парчињата во кои сакаме да го поминеме ова лето, а истите се комбинираат многу лесно и со сите останати парчиња.

Во галеријата погледнете ги најдобрите модели за ова лето и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
20 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.629 пати