@la.attraversiamo - Модно лето на далматински начин

6 август 2022

Зад инстаграм профлиот @la.attraversiamo е далматинката Михаела Мудронја, која со својата изразена смисла за мода, ненаметливо, но сигурно, остава силен стилски белег и добива се повеќе следбеници на оваа социјална мрежа.

Фактот што живее на северно-далматинскиот островот Муртер и од сите страни е опкружена со вода, сонце и позитивни луѓе, носи забележителна ведрина во нејзиниот животен стил изразена и преку изборот на облека.

Работи како фармацевтски техничар, мајка е на три дечиња и тоа што периодот е на породилно отсуство, го користи максимално да се посвети на своето семејство и на пасијата што ја негува од дете: модата.
Иако вели дека не сака да го врамува нејзиниот имиџ во одредени естетски категории и дефиниции, забележтиелна е нотата на софистицираност во нејзиниот стил, кој по ништо не е претенциозен, но во исто време е впечатлив и допадлив, и едноставно ви создава желба да пробате на себе некоја од нејзините комбинации.

Сѐ во нејзините комбинации е толку суптилно, а на свое место споено во прекрасни, женствени и на моменти романтични сетови.

Ќе видите како често едно парче го комбинира во сосема различни аутфити, што може да ви послужи како идеја како и вие вашиот омилен пар џинс, панталони или здолниште, одново да ги освежувате со малку креативност и мали интервенции околу изборот на модни додатоци.

Фото: Инстаграм @la.attraversiamo

 

 

Објавено:
6 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.657 пати