На трендсетерките ширум светот веќе добро им е познат брендот „Realisation“ чии дизајнери постојано креираат ши фустани што девојките ги обожаваат.

Овие денови, Инстаграм е преплавен со едно единствено парче од овој бренд – леопард здолниште со миди должина.

Кројот на здолништето наликува на оние популарните од 90 – тите, а сопственичките на брендот ова парче го нарекоа со многу едноставно име – „Wild Things“.

Здолништето е изработено од свилен сатен, а поради еластичната лента во горниот дел може да се носи високо на струкот или подолу на колковите.

Познатите блогерки сакаат да го носат со едноставни бели кошули, со маички со принт, со патики, еспадрили, сандали и што уште не.

Погоре во галеријата погледнете некои од најинтересните стајлинзи на познатите девојки од Инстаграм и инспирирајте се за кул комбинација уште денес.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
9 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
552 пати