Летен сексапил: Фустани со гол грб

23 јули 2021

Фустаните со гол грб се секогаш добра идеја. Тој тренд секогаш ќе биде посакуван од жените, бидејќи овие фустани се елегантни, сексапилни и ќе ви ја донесат потребната доза привлечност.

Исто така, добра вест е тоа што без оглед на тоа од кој материјал е изработен фустанот, голиот грб ќе изгледа добро.

Сезонава посебно се актуелни таканаречените „слип“ фустани од сатен или свила со гол грб, но ништо помалку не се привлечни и модел на фустани со прпинт, или пак оние со V-израз на грбот кој сепак изгледа впечатливо.

Должината на креацијата нека биде по ваш вкус, затоа што таа воопшто нема да го намали ефектот на голиот грб.

Затоа, ова лето, наместо деколте, разголете го грбот и акцентот ставете го на задниот дел од стајлингот.

Во продолжение погледнете неколку примери за инспирација:

 

 

 

Објавено:
23 јули 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.498 пати
Тагови: 
гол грб