Помеѓу динамиката и спокојот на градот

Летна фотосесија на Елена Лука

7 август 2015

Убавина, естетика и суптилен гламур сместени помеѓу динамиката и спокојот на еден град во лето. Така се инспирираше македонската модна куќа Елена Лука за новиот летен едиторијал со кој се промовираат неколку нови уникатни дизајни на кратки фустани и долги тоалети.

Моделот Нарциса Дервишевиќ од модната агенција Моделс Ин совршено ја заокружува грациозноста на новите креации на Елена Лука, кои вклучуваат трендовски кроеви како кратки топови споени со макси здолништа или мини корсетирани фустани.

Интересно е тоа што заеднички печат за повеќето нови дизајни се рачно сликаните и рачно везените детали со различни мотиви и форми, што дополнително го збогатуваат дизајнерското парче.

Со оглед на деликатната конструкција на креациите, шминката и фризурата, исто така дело на Елена Лука, се сведени на минимализам: косата со „мокар ефект" е залижена наназад додека шминката е во неутрални, земјени тонови.

 

 

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.695 пати