Летна униформа: Бела кошула и краток џинс

27 јуни 2022

Секое лето носи нови тенденции, но бела кошула и краток џинс во комбинација, остануваат есенцијална летна униформа независно од трендовите.

Функционална и безвременска, пред сѐ пријатна за носење, оваа летна комбинација наоѓа примена во сечиј стил, а може да се носи и во различни прилики – различно стилизирана.

Токму затоа и останува атрактивна летна варијанта секоја сезона.

Може да ја надополните со впечатлива марамна со принт, суптилен накит, а одлично изгледа и во спој со сламен шешир и плетена чанта.

Непогрешен избор и за на плажа и за долги летни прошетки во природа.

Ве мотивираме со неколку различни идеи како да ги стилизирате.

 

Објавено:
27 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.124 пати