Летни фустани за трудници

22 јули 2015

Сите се бориме со жешкото време деновиве, а сигурни сме дека топлите бранови особено тежина им предизвикуваат на бремените жени. Токму затоа ние одлучивме да ви дадеме неколку предлози за фустани.

Памучните и лелеави материјали се императив. Не е толку важен кројот, нека фустанот ја следи и линијата на телото, но обрнете внимание при изборот на ткаенина. Важно е да бидат пријатни на кожата, па затоа најдобро е да се природни. Синтетиката дополнително предизвикува потење и неудобност.

Добар избор се и фустани сечени под градите, со слободен пад на здолништето, како и оние на преклоп. Фустан во форма на широк кафтан е уште една опција во која ќе се чувствувате слободно, а и ќе изгледате одлично.

Во продолжение погледнете ги нашите предлози и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
22 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.203 пати