Летни, лежерни, урбани – фустани за трудници од ASOS

4 мај 2018

Модната куќа ASOS за оваа летна сезона, креираше удобна и пријатна, но истовремено урбана и тренди, колекција фустани наменети за трудници.

Изборот на кроевите и материјалите е прилагоден на потребите на бремените жени, а во нивниот дизајн се внимавало пред сè на практичниот момент, што не ја исклучува и високата естетика. Напротив, сите модели се исклучително модерни и го носат духот на актуелните тенденции – застапени се цветните и животинските принтови, колор блок комбинациите, тантелата за романтичен изглед, но и монохроматски модели со префинет дизајн.

Речиси сите модели се со должина над колената во претежно лелеави и лежерни кроеви во А форма или на преклоп, но има и такви што ја следат линијата на телото украсени со карнери.

 

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.367 пати