Летните куфери на Fashionel

2 јули 2015

Во периодот од годината кога се актуелни летните одмор, секогаш се актуелизира и прашањето: што да понесеме со себе, а притоа да не го пренатрупаме куферот со беспотребни парчиња кои воопшто нема да ни користат.

Новинарскиот тим од редакцијата на Fashionel направи свој личен избор на основни летни парчиња кои ќе си го најдат своето место во куферот за време на летните одмори. Притоа секој врз основа на својот личен стил, но и во зависност од летната дестинација на која ќе се упати, направи селекција од неколку летни комбинации.

 

Александра: Бохо стилот е идеален за лето

Парчињата во мојот летен куфер претежно се сведуваат на бохо стилот од 1970-те. Лесни и лелеави фустанчиња, хипи флорални принтови, пар чевли во сребрена варијанта и неизбежните очила за сонце. Бидејќи поголем дел од одморот ќе го поминам на плажа, внимавав на тоа сите парчиња да бидат што поедноставни и удобни.

IMG_7274

IMG_7304

IMG_7319

 

 

 

Марија: Заштедете простор во куферот со еден пар чевли за различни комбинации

Во изборот на комбинации за мојот летен куфер размислував рационално:  како да заштедам простор и да не ми се повтори стандардниот проблем со кој се соочувам секоја година, пренатрупан куфер. Затоа во слуачајов  издвоив неколку различни комбинации што ги споив со еден пар сребрени балетанки што лесно се вклопуваат во повеќе стилски варијанти.

 

 

Јулија: Задолжителни бели комбинации

Летото не можеме да го замислиме без бели комбинации. Токму затоа јас во мојот летен куфер секогаш имам неколку такви. Бели долги фармерки, кратки панталончиња и по некоја маичка се сосема доволни за да се направт безброј комбинации. Исто така, и флоралните принтови се „ин“, па кога ќе се спојат овие две нешта, се добиваат комбинации речиси за целиот одмор. Така, со мал број на парчиња ќе постигнете бројни комбинации, на што вашиот багаж ќе ви биде благодарен. Со малку труд, ќе бидете ултра модерни за секоја пригода.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Тренд