Летно палто без ракави: Вашиот најдобар сојузник за оваа сезона!

23 јули 2014

Иако можеби станува збор за тренд со кој за прв пат имавме можност да се запознаеме минатата пролет, ова лето тој зема навистина голем замав!

Со оглед на променливото лето, ова тренди парче е она задолжителното што ќе се вклопи во секоја ваша комбинација и ќе и даде шик изглед.

Откако на модните писти видовме мал милион верзии на елегантниот женски костим, ова е дефинитивно онаа што најмногу ни се допаѓа.

Палтото без ракави е едно од задолжителните парчиња за ова лето. Ние обожаваме да го носиме со панталони и маичка или пак со здолниште со висок струк и кога ни дозволува летото, со лесна кошула со долги ракави.

Вистински пример за тоа како можете да го носите ова летно палто без ракави последна во низата ни даде и трендсетерката Оливија Палермо која неодамна го комбинираше со одличен фустан во црно бела боја без ракави, чевли во крем боја и пастелна чанта.

Oна што дополнително го прави ова палто привлечно е неговата удобност и практичност која што ја ценат сите девојки, но и можноста за експериментирање со облеката што ќе ја одберете за под палтото.

Истото ќе биде вашиот совршен сојузник доколку немате доволно храброст да облечете тесен фустан или здолниште, со тоа што ќе покрие поголем дел од вашето тело, а сепак ќе изгледате одлично.

Во продолжение, инспирирајте се од најубавите за оваа сезона, и погледнете некои од комбинациите што се одлични за на работа, за едноставна прошетка или пак некоја свеченост што бара целосна елеганција од вас.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Тренд