Деловниот имиџ особено во лето може да биде вистински предизвик.
Како да се направи соодветнот спој на функционална, пријатна деловна комбинација, која истовремено ќе биде складна со нашиот личен имиџ и соодветна на нашата работна позиција.
Но, постојат многу солуции како сите овие сегменти да ги вклопите во еден успешен летен деловен стил.
Од една страна е навистина богатиот избор на летни парчиња што умешно може да се вклопат во бизнис комбинации со оглед на актуелните тенденции, а од друга страна стои и фактот што последниве децении деловната мода е растеретена од многу стеги и ограничувања и добива поголема естетска слобода.
Во таа насока, може да се огледаме на примерите на славните дами кои негуваат препознатлив деловен имиџ, па и да си дозволиме да „позајмиме" некоја од нивните стилски навики кои се покажале како функционални и етстетски привлечни кога е во прашање нивниот летен деловен стил.
Амал Клуни, Меган Маркл, и кралиците Ранија и Летиција ги издвоивме како дами кои може да послужат како добар пример.