Линија на џинс специјализиран за жени со облини

15 октомври 2013

 

Алис Догрујол креираше линија на фармерки која е специјално наменета за жени со вишок килограми.

„За да ностите тесни модели на фармерки, не мора да бидете слаби“, вели дизајнерката.

Алис прво работела како новинар, која имала своја рубрика во весникот Daily Mail, насловена „big girl in a skinny world“.

„Уредникот ми рече во мојата рубрика да се фокусирам на темата фармерки за жени со облини и нормално почнав прво да барам фармерки за себе, бидејќи и јас и припаѓам на групата жени кои имаат вишок килограми, но не најдов ниту еден соодветен модел, кој би му одговарал на моето тело, па така ми се роди идејата за креирање колекција која ќе биде исклучиво наменета за жени со облини без оглед на нивната големина“, раскажува Алис.

 

 

Од идеја до конечната реализација поминале три години, бидејќи како што вели Алис потребно е многу време и финансиски средства за да се покрене ваков тип на бизнис.

Фармерките се само за жени со облини и имаат совршен дизајн и крој прилагодени на  фигурата на жените кои имаат вишок килограми. Фармерките кои ги креирала Алис имаат неколку трикови, го задржуваат стомакот и страничните делови на половината, ги израмнуваат нозете и секогаш имаат прилагодлив крој кои одговара на трендовите од сезоните.

 

 

Свесна дека производството на џинсот е голем проблем во светот на модата, од аспект на тоа дека треба навистина да се пронајде и адекватен материјал кој ќе гарантира квалитет на производот, Алис нејзините модели на фармерки ги произведува во фабрика во Турција каде и самата Викторија Бекам ги произведува своите модели.

 

 

„Јас сум била неколку пати во фабриката и знам како работат луѓето таму. Моите фармерки имаат цена од 145 фунти па нагоре, и мислам дека за оваа ексклузивна линија ова е навистина прифатлива цена. Постојат модели на фармерки кои се слатки и модели кои се комерцијала, јас сум некаде на средина. Со оглед на квалитетот кој го нудам, сигурна сум дека не се премногу скапи и дека секоја жена може да си дозволи еден ваков луксуз кој со сигурност ќе ја направи среќна“, изјави Догрујол.

 

 

Алис вели дека најважниот момент во целата приказна е жените да се чувствуваат комотно и привлечно во она што го носат и да бидат свои, без разлика дали имаат идеални пропорции или некој килограм вишок, секој е убав на свој начин.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Тренд