Обичната памучна маичка на кратки ракави со натписи повторно освојува и оваа пролет. Доколку си набавивте минатата сезона, тогаш подготвени ќе го дочекате првото пролетно сонце.

Ако не, попустите во градот се совршено време да го направите тоа. Ова навидум едноставно парче ќе ви заврши огромна работа во оние моменти кога нема да знаете што да облечете, а можете да го комбинирате со што и да посакате.

Дизајнерите од познатите светски модни куќи веќе се во чекор со овој тренд, па така во секоја колекција тие сместија барем по едно парче со интересен натпис или апликација.

Иако овие маички воопшто не се нови или пак необични, сепак тие се едни од омилените оваа сезона, особено благодарение на познатите дами кои повторно ги популаризираа.

Всушност, кога подобро ќе размислиме, белите маички на куси ракави се вистинска класика и парче што секоја девојка треба да го има во својот плакар.

Меѓу бројните предности е и онаа што истата можете да ја комбинирате со наједноставните фармерки со висок струк, но и со свечено здолниште на кое ќе му дадете еден поинаков, кул изглед.

Доколку не можете да ги дочекате првите сончеви зраци, она што е добро е тоа што маичката со куси ракави можете да ја носите и сега со џемперче или некое шик палто одозгора.

За топлата сезона што е пред нас, задолжително набавете си една во бела, црна и сива варијанта, а интересни оваа пролет се и маичките во пруги со разни украси и апликации.

Најпосакуваните модели погледнете ги погоре во галеријата. 

Објавено:
8 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.244 пати
Извор: 
journal