Макси фустани ќе носиме и наесен – еве го нашиот избор

25 август 2020

Паметното купување доби особено на значење откако светот се соочи со пандемијата. Тоа подразбира и повисока еколошка свест на конзументите, реупотреба на предметите, а вклучува и купување квалитет наместо квантитет и парчиња што ќе бидат функционални повеќе сезони во годината.

Во таа насока, ако веќе во вашиот гардеробер имате (а голема е веројатноста дека имате) парчиња што го задоволуваат критериумот на мултифункционалноста, тогаш не пропуштајте да ги имплементирате во вашиот изглед во различни сезони и соодветно различни комбинации.

Едно такво, „универзално", а секогаш допадливо парче во женскиот гардеробер е макси фустанот.
Секоја сезона сведочиме на различни дизајни и верзии, но основата е иста и лесно компатибилна речиси во сите сезони.

Па како привршува летото и се подготвуваме за есен, размислете за бројните есенски комбинации што може да ги направите со лелеавиот „летен", макси фустан.

Додадете само џемпер, блејзер, кожена јакна или сако, комплетирајте го со чизми до глужд и имате сосема поинаква односно есенска верзија на омилениот, летен макси фустан.

Ние ги одбравме нашите фаворити.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
25 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.936 пати
Тагови: 
макси фустани