Макси здолништата посакувани оваа сезона

17 мај 2013

Едноставни се за комбинирање, одат и со кошулки, и со маички и со лесни блузички, со ременчиња, на сандали или салонки, а зошто да не и на апостолки. Припадничките на понежниот пол едноставно ги обожаваат зошто пред сѐ имаат слобода во движењето, истовремено се ултра модерни, а се чувствуваат женствено и секси.

 

 

Имате широк спектар на бои и опции за да го одберете вистинското макси здолниште за ова лето, затоа што вие сте кул, шик и тренди девојка. Здолништата можете да ги комбинирате со кој било стил што го негувате. Лежерен, хипи, дневен, вечерен, гламурозен, елегантен, со тексас јакна или џемпер, со марама, шал или сако. Сѐ што вас ви одговара. Можете да го носите и на различни прилики, па дури и оние најсвечените.

 

 

Погледнете неколку идеи за едно од најтрендовското парче оваа сезона:

Објавено:
17 мај 2013
Категорија: 
Тренд