Малку ретро, повеќе шик – кошули со предимензионирана јака

28 мај 2020

Со ретро шмек, но во модернизирани верзии, романтичните кошули со нагласена јака, сезонава се во моден фокус.

Популарно наречената „Петар Пан" јака, често се трансформира во модниот циклус во различни сезонски варијанти, па не е изненадување што оваа пролет-лето сезона е меѓу главните тенденции, особено ако се земе во предвид и тоа дека некои од најпознатите модни куќи како Валентино и Стела Мекартни, ги вметнаа во своите актуелни колекции.

Моделите во кои се споени предимензионираната јака и волуменозните ракави, со помалку драматичен изглед, се оние кои важат за носечка тенденција.

Интересно ќе биде да се види какви се верзии и комбинации ќе прикаже летната улична мода, а во меѓувреме направивме селекција на популарни аутфити или изглед од писта, што го вклучуваат ова парче.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
836 пати
Тагови: 
кошули тренд