Прекрасната актерка Марго Роби ѝ се придружи на нејзината екипа од филмот за лондонската премиера, а како што сите очекуваа, таа повторно ги привлече сите погледи.

На премиерата се појави во темно портокалов фустан од колекцијата на Оскар де ла Рента во грчки стил со длабоко деколте и марама од самиот фустан што таа ја имаше поставено на вратот.

Прекрасната креација од модната куќа таа ја збогати со мини чантичка во златна нијанса и висечки обетки, а како и секогаш, нејзината шминка и фризурата беа беспрекорни.

Подеднакво шармантни беа и нејзините колеги со кои ги толкуваат главните улоги во филмот, Бред Пит и Леонардо ди Каприо кои повторно одбраа елегантни костуми во темна нијанса што им прилегаа и повеќе од добро.

На лондонската премиера на филмот пристигнаа и другите актери од филмот на чело со режисерот Квентин Тарантино кој се појави со неговата сопруга Даниела која блесна во ретро црвена креација со соодветна шминка и фризура.

Погледнете како изгледаа ѕвездите на премиерата на филмот што се очекува да направи вистински бум во Холивуд.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
31 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.036 пати