Мажи со мустаќи во тренди комбинации

8 ноември 2016

Во тек е Мовембер, и нема сомневање дека најголемиот тренд за мажите за овој месец (а и преку цела година) е да вршат редовен преглед и да внимаваат на своето здравје.

Второ, мустаќите се императив за ноември. Затоа и тренди комбинациите што ние ги одбравме за овој текст, ги носат токму мажи со мустаќи.

Без разлика дали ќе се одлучите за костум, па ќе потсетувате на Британец, или некоја лежерна комбинација, во италијански стил, сигурни сме дека ќе ве инспирираме.

Ако сте сè уште во потрага по идеалните есенска комбинација, наш предлог и совет е да имате соодветна облека за секоја пригода. Тоа значи, имајте едно есенско-зимско одело, потоа џинс совршен за бројни комбинации со џемпери, блузи, кошули, како и панталони од кепер на пример или сомот, што ќе ги комбинирате со соодветна есенска јакна.

Добредојдени се и модните додатоци - очила за сонце, доколку имате чувствителни очи, чадор, актовка, часовник... 

Сивите нијанси и кафените се секогаш добар избор. Црната е класика, а за оние посмелите, темноцрвените нијанси, смарагдните и сините се убав тренди предлог.

Одберете го она што најмногу ви прилега на сензибилитетот и бидете во тренд, во секој поглед!

 

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
318 пати