Во вашиот плакар сигурно имате барем едно миди здолниште кое ја чека својата пригода. Денеска, извадете го истото и комбинирајте го со најлежерната маичка, бидејќи истите се враќаат на пиедесталот ова лето.

Миди здолништата се одличен избор за разни прилики, па така можете да ги носите на работа комбинирани со елегантни кошули или шик блузички.

Иако навидум едноставни, тие се пример за елеганција и лежерност во секој момент, а одлични се и многу лесни за комбинирање.

Летните колекции донесоа безброј модели на кои секојдневно им се восхитуваме, а ако сè уште не сте набавиле вакво здолниште, сега е вистинско време за тоа.

Истите се одлични и за вашиот летен одмор, бидејќи со малку труд ќе изгледате совршено на забавите или прошетките покрај море.

Ако ова лето сакате поинакво миди здолниште, тогаш одберете некое со принт или впечатливи детали кое ќе го комбинирате со едноставна маичка на кратки ракави.

Уште подобро, одберете такви со карнери или цветен принт, дополнета со некоја панделка или украсена со шик ремен.

Во галеријата побарајте инспирација за вашиот шопинг!

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
24 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
413 пати