Микс на различни принтови како тренд за оваа сезона

3 јуни 2013

Шари од сите видови, бои и големини во еден спој. Навидум хаотично и спротивно на правилата на нашите баби и мајки да не мешаме неспоиви дезени, модните дизајнери ѝ се препуштија на фантазијата и мудро комбинираа различни инспирации и расположенија – апстрактни шари, витражно сликарство, фото-принтови, слики на старите сликари и фантастични флорални фантазии. Покажете стилска смелост и од глава до петици облечете се во различни шари. Модните дизајнери во последните неколку сезони ве охрабруваат и ве поттикнуваат да го примените распар-стилот!

 

Питер Пилото Питер Пилото

 

 

Објавено:
3 јуни 2013
Категорија: 
Тренд